Категории

Волис Симпсон – Најелегантната дама во историјата поради која кралот Едвард VIII се откажал од престолот

Кога чувствата би можеле да ја измерат количината на нешта за кои сме подготвени да се откажеме поради партнерот, тогаш врската помеѓу Волис Симпсон и Едвард VIII може да се нарече една од најголемите љубовни приказни на сите времиња.

За раката на својата сакана, војводата од Виндзор се откажал од титулата и кралството.

Кога британскиот крал Едвард VIII одлучи да се ожени за својата сакана Волис во 1936 година, предизвика скандал од невидени размени во британската историја.
Неговата драга тогаш имала 30 години и два неуспешни бракови зад себе. Освен поранешни сопрузи, во прилог не одел нити фактот дека била американка, поточно од Блу Риџ Самит во Пенсилванија, а во нејзините вени не течела плава крв.

Кога го прашале за бракот со Влис, Едвард знаел да каже: „Секако имам мала предност пред сите други мажи. Помага тоа што својата драга можат одвреме навреме да ја потсетам дека поради неа се откажав од престолот.“

На оваа сугестија Волис сигурно имала добар одговор. Таа била позната по својот остар ум и смисла за хумор. Внимание привлекувала и со својот моден стил.

„Не сум убава жена. Нема што да се види на мене па единственото нешто што можам да го направам е да се облекувам подобро од сите останати“, рекла Волис во една прилика.

Исто така умеела да каже дека жената не може никогаш да иде нити премногу богата нити премногу слаба.

На својот Едвард му била најубава а во очите на многу била и вистинска стилска икона. Редовно посетувала модни ревии. Ги обожавала креациите на Elsa Schiaparelli, а била лојален муштерија на Christian Dior и американскиот дизајнер Mainbocher.

Како што растела нејзината популарност – растел и бројот на софистицирани модни парчиња во нејзиниот плакар. Ги обожавала модните додатоци а нејзината колекција на накит се смета за една од најбогатите и нејголемите. Ланчиња, обетки, брошеви и украси за коса станале нејзините неизбежни модни додатоци.

Обожавала и обувки и често носела модели кои се сметале за доста екстравагантни. А такви често биле и нејзините модни комбинации. Таа сакала да си поигрува со дезените, материјалите и текстурите и секогаш била специфична по тоа прашање.

Нејзиниот стил и ден денес ги маѓепсува дамите ширум светот а и модните дизајери, а какво е нејзиното влијае врз нив најдобро го опишал Роланд Мурет: „Не можете да работите во светот на модата и да не се инспирирате од животот и гардеробата на Волис Симпсон. Можете да ја сакате или да ја мразите, но светот е и понатаму опседнат со таа жена.“