Категории

Мејкап трик кој делува како филтер на кожата – Како да добиете беспрекорен тен

Во текот на летните денови преферираме минимална шминка, но доколку сакате вашето лице секогаш да изгледа свежо и убаво ви споделуваме еден трик со чија помош ќе добиете беспрекорен тен

Професионалните шминкери велат дека правиме грешка кога е во прашање изедначувањето на тенот.
Тие советуваат дека „тешката“ течна пудра која има густ состав и мат финиш не би требало да ја нанесуваме кога е топло, туку треба од неа да направиме тонирана крема.

-Едноставно измешајте ја вашата вообичаена хидратантна крема која ја нанесувате наутро со малку течна пудра – нека количината на крема со пудра биде 2:1. Мешајте се додека не добиете изедначена текстура и потоа нанесете ја на лицето. Кожата ќе ви биде хидрирана а тенот изедначен без ефект на „маска“ – советуваат професионалните шминкери.

Прегледи:
587
Објавено на:
25.07.2020