Категории

Прекрасно видео на кое се гледаат перспективите на Месечината и Земјата една од друга

Да се гледа месечината низ телескоп, на фотографии или едноставно да седиме на отворено и да ја гледаме, е прекрасна привилегија за нас, луѓето. Иако многумина би сакале да ја видат и Земјата од перспективата на Месечинта, такви „туристички атракции“ уште не се возможни. Но, сега постои решение и за тоа. Можеби не баш решение, но постои начин да ја гледаме Земјата од Месечева перспектива.

Џејмс Одон, планетарен научник кој има работено за НАСА, сега работи за ЈАXA, Јапонската вселенска организација. Неговиот најнов проект компилира колекција на слики на Лунарна топографија – преку информациите на роверите на НАСА – и креира компјутерски дисплеј за тоа како земјата изгледа од Месечева перспектива. Конечниот резултат е видео во висока резолуција, прикажано низ леќата на сателитскиот поглед кон земјата. Видеото покажува перспектива на месечината и на земјата како транзиционираат низ целиот месец април. Секоја рамка во видеото е компилација од 15 минути снимено време.

Погледнете го видеото:

Прегледи:
648
Објавено на:
13.08.2020