Категории

Најдобрата летна маска за лице од 2 состојки која ја хидрира и храни кожата

Ова лето морате да ја пробате – Потребни ви се само 2 состојки од кујната а прави чуда за кожата

Дали сте знаеле дека можете да го искористите апсолутно секој дел од лубеницата – и кората и семките? „Месото“ е толку сочно што на прв поглед ви се чини јасно и логично колку моќни се неговите хидратациони својства. Кога се работи за кората – неа можете да ја користите за опоравување на оштетената кожа но и за хидратациј.
Семките од лубеницата се протеини со додаток на масни киселини кои хидрираат и помагаат во затегање на кожата.

Лубеницата ја сочинува 90% вода- што и дава хидратантни својства кои се главниот ефект во затегнувањето и омекнувањето на кожата. Имаат моќ да ги редуцираат брчките и имаат позитивен ефект врз сувоста на кожата.

Оваа маска за кожа е идеална за оние кои имаат комбинирана кожа. Т-зона која повеќе се масти од другите делови на лицето па затоа е и со причина најпроблематична. Лубеницата исто така делува како тонер кој ја навлажнува кожата и ги чисти порите, а медот ја одржува влагата и ги ублажува акните.

Напомена: Оваа маска е малку леплива, па со тоа не е толку лесна за отстранување.

Состојки:

  • ¼ мала лубеница
  • 1 супена лажица мед

Измешајте ги состојките и нанесете ги на чисто лице. Оставете 15 минути потоа добро исплакнете.

Прегледи:
519
Објавено на:
22.08.2020