Вака се слави 62-от роденден ако си поп дива
Кралицата на поп музиката Мадона вчера го прослави својот 62 роденден. Иако на својата роденденска забава пристигна на штеки поради повреда на ногата која ја доживеа во текот на изминатата турнеа, тоа не ја запре да си помине лудо. Забавата се одржа во Јамајка каде присуствуваа голем број од нејзините блиски пријатели, помеѓу кои и нејзиното 26-годишно момче Ахламалик Вилијамс. Забавата во карипски стил секако вклучуваше многу алкохол и марихуана.