Категории

Луксузен домашен третман за коса – Се што ви е потребно за здрава коса од вашата кујна

Ви претставуваме одличен рецепт за домашна маска за коса која ќе ја негува вашата коса во домашни услови. Тенката и оштетена коса веќе по првиот третман станува значително посилна, помега и помалку склона кон кршење.

Со крајот на летото, косата неминовно изгледа оштетено, иако веројатно сте направиле се во своја моќ за да ја заштитите од негативните влијанија.

Доколку зраците од сонце, хлорот во базенот и сувиот воздух го направиле своето и видно ја оштетиле вашата коса, време е да и го вратите сјајот и мекотијата. Меѓутоа со цел да ја опоравите вашата коса од коренот до врвовите, не ви се потребни скапоцени третмани нити козметика туку состојки кои веројатно ги имате во својата кујна.

Ви претставуваме одличен рецепт за домашна маска за коса која ќе ја негува вашата коса во домашни услови. Тенката и оштетена коса веќе по првиот третман станува значително посилна, помега и помалку склона кон кршење.

 

Потребни состојки:

  • 15 мл масло од авокадо
  • 4 капки есенцијално масло од рузмарин
  • 5 капки есенцијално масло од грејпфрут
  • 3 капки етерично масло од кедар
  • стаклено шишенце со распрскувач

Начин на подготовка:
Ставете ги во шишенце сите есенцијални масла и добро протресете. Потоа додадете масло од авокадо и повторно протресете. Напрскајте на дланките и вмасирајте го во косата од коренот на главата па се до врвовите. оставете да делува најмалку 30 минути па потоа темелно измијте.