Овие две немирни, но упорни пандички, ги освоија срцата на целиот свет.
Слатки како колачиња, овие игриви млади пандичиња станаа вирални бидејќи упорно ја спречуваат зоолошката работничка во нејзиното чистење на лисја. Меј – чуварката во Центарот за истражување на размножувањето на панди Ченгду, навистина не можела да си ја врши работата додека двете пандички се врткаат околу неа. Ѝ прават проблем на почеток при самото влегување – не сакаат да се тргнат од вратата. Потоа, играат околу неа, и многу сакаат да влегуваат во кофата со лисја и да ги растураат. Исто така, седнуваат на алатите за чистење и трчаат по неа кога ги трга лисјата.
„Веројатно и си ја обожава и си ја мрази работата истовремено“ – вика еден коментар на Youtube. Погледнете го ова видео и припремете се за најслаткото нешто што ќе го видите денес.