Категории

23 години постара од него – Која е тајната на големата холивудска љубов помеѓу Арон Џонсон и Сем Тејлор?

Нивната љубов трае веќе десет години и покрај огромната разлика во возраста

Кога Саманта Луис пристигнала на актерската аудиција за филмот Nowhere Boy во 2008 година, чувствувала голема возбуда. Тоа бил првиот долгометражен филм ќе ќе го режира во својата кариера. Очекувала дека на аудицијата ќе види голем број двојници на Џон Ленон, но не и човекот на својот живот.

Еден од кандидатите за главната улога во овој полуавтобиографски филм за тинејџерските години на Џон Ленон бил и 18-годишниот Арон Џонсон. Кога на сетот ја здогледал Сем бил уверен дека еден ден ќе се ожени со неа.

„Точно го паметам мигот кога ја здогледав за прв пат. Знам точно што носеше. Имаше бела кошула која сеуште ја чува во плакарот, која ја обожавам“, открива актерот за Harper’s Bazaar.

Сем тогаш имала 41 година, пропаднат брак со трговецот за уметнички дела Џеј Џоплинг и две деца. Но исто така и голема желба да успее во филмскиот бизнис после долгогодишна успешна кариера како ликовна уметничка чии дела виселе на бројни светски музеи.

Арон секако ја доби улогата а останатото е историја.

Иако во текот на снимањето сите ја забележале големата хемија помеѓу режисерката и главниот актер, тие не превземале ништо во врска со тоа. Се однесувале доста професионално. Но кога паднала последната клапа, Арон го направил првиот чекор. Ја исвестил дека ќе стане негова сопруга.

„Кога го завршивме снимањето, ми рече дека ќе се ожени со мене. Во тој миг никогаш не бевме на состанок нити некогаш се бакнавме“, се присетува Саманта.

Ја запроси после точно година дена од мигот кога се запознаа,а  судбоносното Да го изговорија на 21 јуни 2012 година во Бабингтон Хаус во Сомерсет пред најблиското семејство и пријателите. Меѓусебно ги споија презимињата и и двата ги променија во Тејлор-Џонсон, а во меѓувреме станаа родители на две девојчиња.

Која е тајната на нивната врска?
Тие велат дека тоа е љубовта. Се прават заедно. Тие заедно го напишаа сценариото за филмот A Million Pieces.

Прегледи:
985
Објавено на:
19.09.2020