Категории

ПИЦА – Прв пат билa послужена на кралицата – Како настана најпопуларното јадење во светот?

Како пицата стана најпопуларното јадење во светот?

Пицата е едно од најпопуларните и најомилени јадења на светот. Ја јадеме во ресторани, ја подготвуваме дома, можеме да ја пронајдеме во пекарите и речиси секаде. Поради ефтините и лесно достапни состојки и едноставното подготвување, пицата е омилен избор кога се во прашање разни забави, прослави, вечери. Многу е тешко да се пронајде некој кој не сака пица затоа што таа денес доаѓа во најразлични комбинации.

Секоја земја ја прилагодува на својата култура – на пример, во Кина многумина не сакаат сирење или не поднесуваат лактоза, а обично таму не се одгледуваат ни домати па најчесто може да се пронајде пица со сос од соја, пица со пилешко, тука и ракчиња.
Но дали знаете како воопшто настанала пицата?

ПИЦАТА НИЗ ИСТОРИЈАТА
Денешната пица е позната по тенкото тесто со медитерански зачини и лук кои уште во антично време ги јаделе древниче феникијци, грци и римјани. Првата пица налик онаа која денес ја познаваме се појавила во 16 век кога доматот кој дотогаш се сметал за отровен, стигнал во Европа од Јужна Америка. Жителите на Наполи почнале да го додаваат на тесто, а во текот на 17 и 18 век почнале да прават моцарела која се добивала од млеко од бивол. Во тој период пицата почнала наголемо да се продава по улиците, а до 1830 станала толку популарна што довела до отварање на првите пицерии во светот.
Се работи за Antica Pizzeria Port’Alba во Наполи која на истоимената улица бр.18, постои и ден денес.

ПРВАТА МОДЕРНА ПИЦА
Во Наполи почнала да се создава модерната пица. Првата и воедно денес најпопуларната пица во светот, била Маргарита. Настанала кога Наполи го посетила кралицата Маргарита и нејзиниот сопруг Умберто. Тогаш популарниот Рафаел Еспосито, кој воедно многумина го нарекуваат таткото на пицата, направил пица во бои на италијанското знаме – со црвен домат, свеж зелен босилек и моцарела – која толку ја воодушевила кралицата па и било дадено името по неа.

ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ПИЦАТА ВО САД
При крајот на 19 век, пицата добила и други додатоци, а нејзината популарност пораснала толку што луѓето почнале се почесто да ја консумираат. Ја јаделе за појадок, ручек и вечера. Додавале печурки, колбаси, сирење, маслинки.. Во тој период со емиграцијата на италијанците таа пристигнала и во САД.
Италијанските емигранти ја подготвувале во локалните пекари само за сопствени потреби а во 1905 година, Хенаро Ломбарди ја отворил првата пицерија во Њујорк.
Следело отварање и на други пицерии низ континентот, но пицата во Америка ја доживеала својата популарност дури после Втората светска војна кога америчките војници се вратиле од Италија и копнееле по нејзиниот вкус.
Така во Америка пицата го пронашла својот втор дом. Сето тоа довело до отворање на ланец пицерии, па достава на пица до домашна адреса, појавување на замрзнати пици и сето она кое денес го знаеме за нив.

ОМИЛЕНО ЈАДЕЊЕ ШИРУМ СВЕТОТ
Пицата денес се јаде насекаде низ светот. Во Исланд е позната хавајската пица на која ставаат банани, додека во Индија наместо пармезан се става мешавина од зачини. Постојат неколку различни верзии на пицата кои можат да се направат со состојки какви што сакате и во било кој облик.
Пицата денес не е само обично fast food јадење. Врвните пица мајстори односно ‘pizzaioli’ константно учат и се усовршуваат, а резултатот е врвна пица која нема да можете да ја јадете било каде.