Категории

(ФОТО) Како да ја комбинирате вашата заштитна маска со вашиот outfit

Заштитните маски станаа дел од нашето секојдневие, многумина исто така ги сфаќаат и како моден додаток па се обидуваат да ги вклопат во својот стил..

Спојте ги тоновите
Доколку сакате да носите заштитна маска во повеќе бои и принтови, тогаш можете да ги комбинирате така што ќе ги комбинирате принтовите и бои во согласност со вашата модна комбинација. Тоа би било супер кул начин да го направите вашиот стајлинг повпечатлив.

Суптилно комбинирање
Доколку не сте обожавател на впечатливи бои и принтови, бирајте маска во некои од основните бои со ситни и суптилни принтови и додатоци кои ќе одговараат со останатиот дел од стајлингот.

Држете се до една боја
Монохроматските стајлинзи се една од најлесните опции во кои истовремено можете да изгледате шик, а нема да ви одземе часови размислување и спојување на одредени модни парчиња. Маските во една боја сега се најлесни за пронаоѓате, опремете се во маски во црна и бела боја затоа што нив најлесно ќе ги комбинирате со поголемиот дел од модните комбинации.

 

Прегледи:
874
Објавено на:
25.09.2020