„Нема Бог за оној кој не знае дека го носи во себе.“
Како мислите и писател, Лав Николаевич-Толстој имал изразено силно влијание врз Русија во своето доба. Низ својот живот стекнал голем број следбеници, а неговите идеи ги усвоиле и читателите ширум светот. Неговите дела неизмерно ја збогатиле руската и светската книжевност.
Толстој се смета за еден од најголемите романописци во историјата на светската книжевност. Неговите идеи биле толку екстремни и неговиот поглед на светот бил толку отворен што во време на неговата смрт околу него се создал круг од следбеници кои создавале колонии и го практикувале неговиот начин на живот.
Ви објавуваме неколку од најдобрите цитати не овој великан:
„Нема Бог за оној кој не знае дека го носи во себе.“
„Ако е точно тоа колку глави-толку умови, тогаш колку срца-толку видови љубов.“
„Се плашиме за она кое го сакаме.“
„Бог е тешко да се спознае, но тоа не значи дека го нема, тоа е знак на Неговата величенственост а наша слабост.“
„Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете.“
„Добрината одолева на се, а самата е неодолива.“
„Зборувај само за она кое ти е јасно, иначе молчи.“
„Единствен начин на човек да не му смета љубовта е да се ожени.“
„Личната среќа не е возможна надвор од општеството, како што животот на растението не е возможен ако е откорнато од земја и фрлено на бесплодна песок.“
„Луѓето се делат на два вида: едните прво мислат а потоа зборуваат и работат, другите прво зборуваат и работат па дури потоа мислат.“
„Мозокот на невработенито човек е омиленото забавно место на ѓаволот.“
„Не треба да се срамиш од никаква работа, па дури нити од најодвратната. Треба да се срамиш од безработниот живот.“
„Не вознемирувај друг за она кое можеш да го завршиш и сам.“
„Разумот не ме научил на ништо. Се што знам ми го дало срцето.“
„Човековата злоба секогаш потекнува од немоќта.“
„Голем дел од мажите бараат од своите жени доблести какви ни самите немаат.“
„Сите среќни семејства наликуваат една на друга, сите несреќни, се несреќни на свој начин.“