Категории

Најсмешните твитови за траги-комичната претседателска дебата во Америка!

Првата од трите претседателски дебати во САД помеѓу постоечкиот претседател Доналд Трамп и кандидатот од Демократската партија Џо Бајден, ги шокира и разочара и Американците, но и сите луѓе кои следат политика во светот.

Наместо културна и информативна дебата помеѓу политичарите кои треба да се најдоброто во САД, во четвртокот, на 29 септември, се случи натпревар во надвикување. Според CBS News/YouGov анкета по дебатата, 69% од испитаниците кажале дека биле ужаснати од дебатата. Шест од десет испитаници сметаат дека Бајден ја победил дебатата, но многу луѓе сметаат дека всушност немаше победник.

Подоле можете да ја погледнете дебатата ако Ве интересира, но она што ние направивме тука, е поврзано со хумор на сметка на дебатата. Ги собравме најсмешните (но и највистинити) твитови во врска со претседателската дебата и ги преведовме и објавивме тука.

Дебатата:

Што викаат луѓето за ова надвикување?

„Не можам да поверувам дека викаа дека жените се преемоционални за да би биле претседатели“ – @onceuponA

Претседателската дебата беше најлошото нешто што досега сум го видел, а глумев во Празничното издание на Војна на Ѕвездите“ – @HamillHimself

„Мутирајте им ги микрофоните кога не треба да зборуваат, ништо ли не научивте од Zoom?” – @jenortiznyc

Трамп се заќуте само кога му кажаа да цензурира белечки супримитет“ – @drippydrank

Трамп ја спомена употребата на кокаин од страна на Хантер Бајден, а Бајден погледна кон камерата и кажа дека е горд на син му кој ја надминал зависноста“ – @mkraju

Ме разбеснува тоа што нашиот претседател ја миноризира пандемијата која ми ги уби двајцата родители“ – RobertGarciaLB

Претседателот на САД ги накриви дрвјата за промената на климатските услови“ – @snitchery

 

И, секако, мемите се бесценети:
Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions

Presidential-Debate-2020-Reactions