За среќен живот, едноставно треба да се ослободите од нештата кои не придонесуваат до тоа да се чувствуваме добро.
Живееме во време кога чувствуваме вина секогаш кога треба да избришеме некого од нашиот живот и секојдневие, но реалноста е таа дека некои врски едноставно мораат да умрат, некои луѓе едноставно треба да бидат отследени и отстранети од пријатели.
Не мораме да бидеме толку приврзани за нештата и луѓе од нашето минато.
Некои велат дека не смееме да ги палиме мостовите и треба да ги чуваме околу нас како реликвии, но тие очекувања се нереални и нездрави.
Едноставно понекогаш мораме да избереме да ги отсечеме сите конци од нештата кои ни се драги но воедно и не повредуваат и не ни донесуваат ништо добро.
Дури и ако ги повреди нивните чувства, едноставно не можеме да бидеме толку сурови спрема себеси и да одржуваме мртви цвеќиња во животот.
Некои нешта треба да бидат отсечени, како болните гранки од здравото стебло.