Оваа есен плетените елеци се во центарот на вниманието. Нивното големо враќање на модната сцена ни носи и нови начини за нивно стилизирање и имплементирање во секојдневните модни комбинации.
Со доаѓањето на есента се знае што друго доаѓа – Плетените материјали кои ќе не згреат во студените денови и кои се толку меки, пријатни и удобни. Оваа есен на модната сцена стапува еден малку подзаборавен тренд – плетените елеци.
Ќе ги носиме на неколку различни начини, но еден особен вид на комбинирање кој трендсетерките особено го обожаваат е со популарните кошули-фустани кои ги обожававме во текот на летната сезона.
Еве како можете да го стилизирате најпопуларното модно парче за оваа сезона.