Категории

Ти заслужуваш личност која никогаш не би заминала затоа што ти си нејзиното ‘Засекогаш’

Ти заслужуваш личност која те сака. Личност која ја гледа твојата вредност. Личност која ја знае твојата вредност и ги исполнува твоите стандарди.
Заслужуваш личност која сака да слушне што имаш да кажеш. Личност која го почитува твоето мислење. Личност која ги памети малите нешта кои ги споменуваш во разговорите. Личност која секогаш те слуша кога зборуваш.

ТИ заслужуваш личност која е секогаш тука за тебе затоа што му значиш. Личност која ти се јавува на полноќ без да се чувствува глупаво поради тоа. Личност која ти враќа веднаш на пораките, личност која би се појавила на твојот праг кога ќе ја повикаш без оглед на тоа колку е часот.

Заслужуваш личност кој прави компромис со тебе секогаш кога ти не го делиш истото мислење. Личност која е доволно зрела за да пресретне на половина пат наместо да те принудува да се сложиш со нивното мислење. Личност која се грижи повеќе за цврстината на вашата врска отколку за тоа да испадне во право.

Ти заслужуваш личност која се однесува спрема тебе со почит, дури и кога избувнува најужасна кавга помеѓу вас. Личност која никогаш не те нарекува со погрдни имиња. Личност која никогаш нема да направи да се чувствуваш лошо за тоа каква личност си.

Заслужуваш личност која ќе ти го даде потребното внимание кое го бараш. Личност која те држи блиску до себеси во ноќите. Личност која ти ги бакнува образите во јавност. Личност која ти ја држи дланката на каучот. Личност која сака да биде покрај тебе во секое време.

Ти заслужуваш личност на која ќе можеш да и веруваш. Личност која се јавува секогаш кога ќе задоцни. Личност која признава како се чувствува кога не е сигурна во тебе и и исраќаш измешани сигнали. Личност која пристапува сериозно кон верноста.

Ти заслужуваш личност која има високо мислење за тебе. Личност која мисли дека си интелигентна и интересна. Личност која мисли дека си најубавото нешто што го видела. Личност која мисли дека е среќна што те запознала и што си во нејзиниот живот.

Ти заслужуваш личност која се грижи. Личност која вложува труд. Личност која никогаш не би заминала затоа што ти си нејзиното ‘засекогаш’.

Прегледи:
774
Објавено на:
16.10.2020