Категории

Кога си блиску до Бога ти си пламен, кога си далеку – ти си пепел

Еден парохијанин престанал да оди во црква. Порано секоја недела одел на Света миса. Времето поминувало и свештеникот одлучил да го посети.

Дошол во неговиот до, вратата била отворена и свештеникот влегол. Поранешниот парохијанин седел покрај каминот. Здогледувајќи го свештеникот, климнал со главата во знак на поздрав и со рака му покажал кон местото за да седне. Свештеникот почнал да ја посматра играта на пламенот во каминот, и двата молчеле.

После неколку минути, свештеникот одеднаш станал, земал клешта и со неа дофатил еден жар, го ставил настрана од огното. Потоа повторно седнал, и повторно настанал молк.

Во меѓувреме издвоедниот жар престанал да пламти, силата му била слба и речиси станал студен и сив. Свештеникот станал и повторно со клештите го фатил изгаснетиот жар и го додал во огнот. Миг подоцна тој повторно почнал да гори заедно со другите.
Оставајќи ја клештата, свештеникот во тишина се упатил кон вратата кога на прагот се чуле зборови:

„Фала на посетата и проповедта во каминот. Следната недела сигурно ќе дојдам“

Прегледи:
581
Објавено на:
10.11.2020