Категории

Сѐ може да се промени во едно трепнување на окото, но не грижете се затоа што Бог никогаш не ги затвара очите

Животот не е чесен, но е добар – Прифатете го животот и радувајте му се.

~Животот не е чесен, но е добар.
~Кога не сте сигурни, направете мал чекор.
~Животот е премногу краток за времето да го трошите мразејќи некого.
~Немојте да се сфаќате себеси премногу сериозни. Немојте да ги сфаќате нити другите.
~Плаќајте ги картичките секој месец.
~Не морате да победите во секоја расправа.
~Плачете со некого. Тоа лечи повеќе, отколку кога плачете сами.
~Со првата плата почнете да штедите за пензија.
~Помирете се со минатото, за да не ве пече сегашноста.
~Немојте да се споредувате со другите. Немате појма каков бил нивниот пат.
~Ако некоја врска треба да биде тајна, тогаш вие не ни треба да бидете во таа врска.
~Се може да се промени во едно трепнување на окото, но не грижете се затоа што Бог никогашне ги затвара очите.
~Можете да поминете низ се самоо ако дадете од себе се.
~Писателите пишуваат. Ако сакате да бидете писател, пишувајте. Истото важи за сето останато што сакате да бидете.
~Запалете свеќа, користете добра постелнина, носете скапа долна облека. Немојте да штедите на важни нешта, за да не трошите на она неважното.
~Бидете екцентрични сега. немојте да чекате старост за да носите розово.
~Никој не е задолжен за вашата среќа освен вас.
~Простете на секого се.
~Што другите мислат за вас тоа е нивна работа, а не ваша.
~Било да е ситуацијата добра или лоша, таа ќе се промени.
~Стареењето е подобра опција отколку да се умре млад.
~Вашите деца имаат само едно детство, направете го почно се среќни сеќавања.
~Немојте да го одложувате животот. Средете се и земете го максимумот од него сега.
~Ослободте се од се што не е убаво, корисно или не ве усреќува.
~Зависта е губење на време.
~Она најдоброто допрва доаѓа.
~Неважно како се чувствувате, станете, облечете се и појавете се.
~Ако не прашате нема да знаете.
~Вдишете длабоко, тоа смирува.
~Животот не е украсен со машна, но е сепак подарок.

Прегледи:
534
Објавено на:
24.11.2020