Категории

Како да ги победите грижите и стравовите

Најголемите стравови на денешницата се губењето на работата и примањата, стравот од болест, глад, сиромаштија и смрт.

Денес речиси нема човек кој не се грижи дека ќе му се случи нешто лошо. Во книгата „Огнена капија“ на Стивен Префилд, спартански воен ветеран подучува млад војник како да го надмине стравот така што од него бара да замисли како неговиот ум е куќа со многу соби.

„Постојат соби во кои никогаш не смееш да влезеш. Во нив живеат бесот и стравот. Мораш да стоиш понастрана од нив по секоја цена. Од друга страна, позитивните навики ќе те зајакнат. Кога ќе го истренираш мозокот да мисли само на еден одреден начин, кога ќе ги исфрлиш од главата сите негативни мисли, тоа ќе ти донесе голема сила.“ – вели учителот.

Ваквото резонирање може да се забележи и денес. Голем дел од луѓето се заложници на тежина од сите видови, од емоционална до егзистенцијална, па постојано размислуваат за тоа што може да тргне на лошо наместо да размислуваат што може да оди кон добро во животот. Така луѓето живеат во погрешни соби на својот ум, па може да се каже дека всушност се наоѓаат во ментален затвор.

Пресфилд тврди дека Спартанција избегнувале чувства: страв, тегоби, бес, завист и алчност. За нив тие биле токсични. Човек мора да научи да се избори со своите чувства ако сака да се чувствува како победник. Единствениот начин да го направи тоа е да избегнува темни места во умот кои се различни за различни луѓе. Некому тоа може да е деловен неуспех, осаменост, болест.

„Да го земеме стравот како пример. Сам по себе стравот е будалест. Што се случило, се случило, а што ќе биде – ќе биде. Така треба да се гледа на нештата за да се неутрализира стравот. Овој фокус ќе ве доведе до успех на скоро сите полиња. Фокусирајте се на сегашноста и заборавете го минатото. Престанете да се грижите за иднината. Особено не треба премногу да размислувате за тоа што е надвор од нашата контрола. Секогаш внимавајте негативните мисли да не ве следат во вашиот ум. Морате да ја заклучите вратата на вашите темни соби.“ – вели тој.

Прегледи:
609
Објавено на:
25.11.2020