Категории

Медицинска сестра ја покажа својата слика пред и после 8 месеци од пандемијата

„После 8 месеци сум за 20 години постара.“

Една медицинска сестра неодамна објави свои две фотографии, една пред пандемијата на коронавирус, а друга после осум месеци во текот на кои по три дена неделно дежурала во смени од по 12 часа во една болница во Тенеси, САД. Единствено што можеме да кажеме е дека ова е лицето на жена која маката на човештвото ја носи на својот грб. Можеме да ги заштитиме медицинските работници штитејќи се себеси и другите.

 

„Сабота навечер, излегов од собата на пациентите и ја завршив смената. Се сетив на денот кога дипломирав, пред пандемијата. и сфатив колку сум се променила во само неколку месеци. Еве како изгледа реалноста на нашата работа“ – напиша медицинската сестра Катрин која има 27 години на својот Твитер профил.

Прегледи:
705
Објавено на:
27.11.2020