Нетрпелива и нервозна, се прашувала што прави тој. После 20 минути ја исклучил ринглата. Го извади компирот и јајцата и ги стави во чинии. Зрната кафе ги стави во шолјата. После тоа ја запаша својата ќерка:
„Што гледаш?“
„Компири, јајца и кафе“, одговори нервозно.
„Погледни поблиску“, рече таткото, „и допри ги компирите“. Ги пипна забележувајќи дека се меки.
Тогаш ја замоли да земе јајца и да ги скрши. осле скршените лушки виде дека тоа се тврдо варени јајца. На крајот ја замоли да го испие кафето. Тој негов богат мирис и донесе насмевка на лица.
„Што тоа значи“, го запраша својот татко. Тогаш тој и објасни..
„Компири, јајца и зрна кафе се соочија со истиот проблем – врела вода. Сепак секое од нив реагира поинаку. Компирот беше цврст но после врелата вода стана мек и слаб. Јајцето беше мело и кревко, но неговата тврда лушпа ја штитеше неговата внатрешност додека не беше ставено во врела вода. Тогаш јајцето стана тврдо одвнатре. Меѓутоа зрната кафе се единствени. Откако беа во врела вода, ја променија водата и создадоа нешто ново.“
„Кое од овие три си ти?“ – ја запраша ќерката. „Кога проблемите ќе ти почукаат на врата, како ти реагираш?“
ПОУКА:
Во животот се случуваат разни нешта околу нас, нешта ни се случуваат нам а единственото нешто кое е вистински важно е како одлучувате да реагирате на тоа што и да постигнете од сето тоа. Животот претставува склоност, усвојување и претворање на сите маки кои ги доживуваме во нешто позитивно.