Категории

Челикот се кали преку врелината – Лошите мигови во животот не прават неуништливи

Никако на друг начин не можеш да откриеш колку си силен како во тешките времиња.

Никако на поинаков начин твојот живот не те доведува во искушение како во миговите кога се зголемува бројот на нештата кои не се под твоја контрола а ги смалува бројот на нештата врз кои можеш да влијаеш. Ако успееш еден ден да поминеш не кукајќи над својата судбина, тогаш си силен човек. Претресувајќи ги лошите нешта нема да ја поправат ситуацијата. Стотина пати повторно ќе ги слушаш истите негативности и само ќе се најдеш на работ на очајот и солзите прашувајќи се каде е излезот од сето тоа.

Не не уништуваат лошите времиња, не уништува стравот, недостатокот на емпатија, а над се недостатокот на човечност. А лошите времиња се само последица од нашите лоши одлуки и ќе исчезнат како и се кога ќе се промениме, кога ќе сфатиме дека ако не си човек, се останото е залудно.

Научете да кажете Не на луѓето кои ве оддалечуваат од вашата цел, затоа што и добронамерните совети некогаш можат да ве доведат на погрешен пат. За жал често сме слепи за голем дел од реалноста која се случув аоколу нас и понекогаш треба само нешто да не здрма за да се отворат нашите очи и да сфатиме во каков свет живееме.

Тешките времиња ни ги откриваат лицата на луѓето околу нас. Тешките времиња не ги разбиваат нашите соништа, туку ги ставаат на тест нашите ветувања спрема нив. Да имаме храброст и да бидеме луѓе од збор, само така ќе увидиме колку тие времиња не променуваат на подобро.

Прегледи:
543
Објавено на:
24.12.2020