Категории

Никогаш не заборавајте – Добрите луѓе секогаш победуваат на крајот

Затоа продолжете со чиста љубов. И да, светот секогаш нема да биде љубезен кон вас, но вие секогаш ќе бидете љубезни кон светот. Тоа е она што ве прави силни да се спротивставите на се и сешто.


Љубезни сте но исто така и уморни. Уморни сте од премногу доверба само само за да останете позади во моментот кога ќе почнете да мислите дека вреди да се ризикува. Уморни сте од верување во некој што останува, некој што се грижи, само за да ви го скрши срцето. Уморни сте од сите времиња во кои чекавте искрено „како си?“ само за да се најдете разочарани затоа што тие не ви рекоа нити „здраво“. Се чувствувате изневерено од сите луѓе кои се сеќаваат на вас само кога е погодно, само кога им треба нешто, само кога сакаат да ги поправите.

Заситени сте од сите скршени ветувања, сите лажни уверувања и што ги одржувавте надежите само за да се оддалечите од повредената ситуација. Се мразите себеси што секогаш паѓате во нивните стапици. За секогаш да верувате дека луѓето навистина се менуваат сè додека имате верба во нив. Најмногу од сè, се мразите себеси што одбравте да бидете добри и да правите добро, дури и ако поголемиот дел од времето, давате многу од себе на погрешни луѓе.

Посакувате да можете да свртите грб некое време, бидејќи да бидам искрен, не секој го заслужува твоето срце. Посакувате да можете да ги запалите мостовите. Може, ако се обидете, но нема да успеете. Затоа што искрено, премногу сте тврдоглави за да верувате дека не секој вреди за трудот. Премногу сте тврдоглави за да верувате дека таму нема добри луѓе. Да, уморни сте од луѓето. Но, тоа не значи дека би се откажале од нив. Тоа е она што ве двои од нив. Затоа продолжете со чиста љубов. И да, светот секогаш нема да биде љубезен кон вас, но вие секогаш ќе бидете љубезни кон светот. Тоа е она што ве прави силни да се спротивставите на се и сешто.

-Сирин Г.

Прегледи:
661
Објавено на:
02.03.2021