Професорот Вил Ласек од Универзитетот во Питсбург се чини дека конечно ја расветли оваа мистерија. Имено, маснотиите присутни во задникот и бутовите на жената помагаат во развојот на мозокот на нивните идни деца.
– Потребни се многу маснотии за развој на нервниот систем, а маснотиите што се наоѓаат во овие зони содржат докозахексаенонска киселина (DHA), што е примарна структурна компонента на човечкиот церебрален мозочен кортекс – објасни Ласек.
-Жените се чини дека еволуирале за да ги соберат овие добри маснотии пред да пристигне бебето – изјави тој, додавајќи дека 80 проценти од ДХА и се потребни, бебето го добива од маснотиите што ги има акумулирано нејзината мајка од половината надолу.
Преносот се јавува првенствено за време на доењето.
– Затоа жените брзо губат телесната тежина додека дојат дете – истакна Ласек.
Дејвид Бејнбриџ, биолог на Универзитетот Кембриџ, се согласува. Тој вели дека е повеќе од јасно дека жените со нагласени облини раѓаат поинтелигентни деца. Несвесно, од памтивек, мажите биле повеќе склони кон такви жени затоа што нивните деца биле посилни и попаметни и со тоа имале поголеми шанси за преживување.