Запомнете една работа. Секогаш бидете фер кон себе и не молчете за она што не ви одговара. Колку и да изгледа мало на почетокот и ве научија дека тоа е пристојност всушност не е, тоа е непочитување кон самиот себе. Не мора да толерирате нешто што ве прави да се чувствувате помалку вредни. Не мора да трпите непочитување на вашиот мир. Постојат граници во светот. Тие треба да постојат и во нашите животи за да знаеме да кажеме: Досега да, но не понатаму. Ти си херој, хероина, ако можеш да го кажеш тоа без страв!
И запомнете, никогаш не оправдувајте нечии лаги и навреди кон вас. Колку и да биле слатки. Или можеби изгледале безопасни. Не постои лага која е безопасна. Сето ова порано или подоцна доаѓа како товар. И не останувајте долго со оние чиј заеднички живот повеќе личи на казна. Луѓето кога сакаат, можат да бидат добри, можат да ја покажат својата убава страна. Но, научете ги дека вие не не заслужувате некој со вас да се однесува како со партал. Ја имате вашата вредност и не дозволувајте некој да ја доведува во прашање.