На денешен ден е роден Душко Радовиќ, голем човек, писател, новинар и афоризмичар. Ова се некои од афоризмите кои и денес се прераскажуваат и сѐ уште живеат.
Прочитајте некои од неговите најинтересни мисли:
„Пред да го поправите светот, поправете ја чешмата во својот стан. Светот би бил многу посреќно и поубаво место кога секој само би ја поправил чешмата или барем забите.“
„Зошто уличните корпи за отпадоци не се подигнат на висина на кошевите за кошарка? Тоа би била провокација на која никој од нашите кошаркари не би одолеал. Кошевите би биле полни, а градот чист.“
„Вчера еден родител на родителскиот состанок кажа: „Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас!“
„Пред да започнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична и ненападна и многумина не умеат да ја видат.“
„За разлика од докторот на науки, селанецот има многу повеќе знаење отколку образование.“
„Вложувајте во стомакот! Тоа вложување дава брзи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно.“