Црните високи чизми се омилен дел од зимската гардероба на поголемиот дел од дамите. Не само што ги грејат нозете, туку и многу лесно се комбинираат за дневни и вечерни потреби.
Црните чизми одлично изгледаат со тесни фармерки, кратко здолниште или фустан, па може да ги носите на работа, на излегување, како и на кафе со пријателките.
Покрај сѐ, овој вид обувки визуелно ги продолжува нозете и ги прави потенки. Во тоа ќе ви помогнат чизмите со високи потпетици, но и платформи.
Во продавниците за обувки може да најдете модели кои се облекуваат како чорапи, оние на врзување, кожни и од вештачка кожа, лакирани и многу други материјали.