Вашите чувства се важни, итоа преважни. И имате право да барате да се почитуваат. Затоа, не прифаќај кога ќе ти кажат: Не те повредив намерно, не знаев дека така ќе испадне, не знаев дека ќе се налутиш поради тоа. Луѓето не се глупави. Знаат каде да удрат и знаат каде ќе боли и сепак продолжуваат да удираат. Луѓето си играат со нечии чувства како да се играчки. Луѓето си играат со луѓето како да се некакви предмети, кои се за некои само да се користат.
Вашите чувства се важни. Да се биде безволен, тажен, разочаран, понижен денес не е мала работа. Некој ги прекршил твоите граници. Тој направи нешто што не требаше да го направи. Колку само таа повреда ти ја одзема силата и енергијата. Во секој случај, сега не се сожалувајте. Треба да почнете од почеток, да најдете лек за раната. Ќе постојат луѓе на кои ќе им сте важни, луѓе кои никогаш нема да се доведат во ситуација да ве молат за втора шанса, затоа што ќе ја вреднуваат само првата.