Категории

Порано или подоцна лажните луѓе сами се отстранат од вашиот живот

Важно е да се запре на време во животот, и да дојдете до заклучок за кои работи не вреди да се борите повеќе. За какви луѓе и какви искуства. Зошто да гориш како свеќа за некој кому твојата светлина не му значи ништо? А животот е таков и ќе ги научиш тие работи кога ќе ги почувствуваш силно на својата кожа. И кога ќе ги плаќаш со нерви, но уште повеќе со срцето. Колку емоции се губат со давање на некој кој не знае да ги цени? Колку пати сме посегнале и кога ништо не ни требало?

Луѓето се такви, на почетокот даваат многу ветувања, но како одминува времето забораваат на се. Во секој случај, ставете насмевка на вашето лице и продолжете ја вашата приказна понатаму. Замислата за вашата бајка може да стане реалност кога ќе престанете да гледате што прават другите и да ги судите. Можете да направите многу подобро. А луѓето кои зборуваат лошо за вас ќе се отстранат од вашиот живот кога ќе престанете да бидете оптоварени со нив. А вие се грижите за оние кои навистина го заслужуваат тоа. Добрите луѓе. Луѓе кои се грижат за вас и луѓето кои вредат.

Прегледи:
589
Објавено на:
06.12.2021