Категории

Џенифер Лопез го запали црвениот тепих во прозирна тоалета на премиерата на документарниот филм “Halftime”

Латино дивата Џенифер Лопез го „запали“ црвениот тепих кога се појави во целосно проѕирен фустан на премиерата на нејзиниот документарен филм “Halftime” во Њујорк. Таа самоуверено се шеташе без долна облека во долга црна тоалета составена претежно од проѕирна мрежа, која буквално откри многу работи, меѓу кои и задникот.

Нејзиниот документарец беше премиерно прикажан на фестивалот Трибека во Њујорк, а присутните не можеа да го тргнат погледот од убавата Лопез која ги воодушеви сите останати познати дами кога станува збор за стајлонгот.

Елегантниот црн фустан одлично ги истакна облините на пејачката, особено задникот кој своевремено го обезбеди за вртоглави 27 милиони долари. Сега е јасно зошто го направила тоа.

Иако зачекори во 6-та деценија од животот на Џеј Ло, таа уште еднаш докажа дека годините, барем кога се работи за неа, се само бројка.

Заедно со атрактивниот фустан, таа ја врза косата во елегантно високо опавче за да ги истакне висечките дијамантски обетки. На нејзината рака блескаше веренички прстен со зелени дијаманти што неодамна го доби од нејзиниот вереник Бен Афлек, кој ја запроси по втор пат.

Својот гламурозен и секси изглед го надополни со дискретна шминка, додека во раката држеше мала, елегантна црна чанта, насмеана од уво до уво.

Прегледи:
381
Објавено на:
11.06.2022