Категории

Историски момент: Првиот цвет во вселената!

Астронаутот Scott Kelly  на социјалните мрежи, како што секојдневно споделува моменти од вселената, го сподели и првиот цвет во вселената.

Посадено по посебни методи развиени од НАСА Veggie програмата, која го истражува растот на растенијата во вселената, процвета светло портокаловата цинија која е засадена со посебни потхранувачи, семиња, вода и глина и чувана под лед светла.

Астронаутот Scott Kelly заедно со рускиот астронаут Mikhail Korniyenko се во вселената како дел од едногодишна мисија која ги истражува ефектите на долгогодишниот престој во вселената, но во исто време се одвива уште една мисија, на астронаутот  Kjell Lindgren кој работи на експерименти со растот на растенијата во вселената.