Овој млад авантуристички пар од Полска има сопствен блог за патување. Тие велат дека немале многу пари, но сепак имале многу голема желба да го видат светот.
Поради тоа, купиле старо комбе за 600 долари, го бојадисале, зеле шатори за кампување, доволно залиха на храна и тргнале во авантура.
Во шест години посетиле повеќе од 50 земји и пропатувале повеќе од 150.000 километри на 5 континенти. Никогаш не платиле за сместување, бидејќи спиеле во комбето или во шатори, а го јаделе она што ќе го зготвеле самите, трошејќи само 8 долари на ден.
Ова е нивната приказна низ фотографии…