Маж ја породил својата сопруга на подот од дневната соба, откако бебето започнало да се раѓа пред да тргнат на болница.
Кога 24-годишната Британка Холи Даусон го разбудила сопругот Мартин во 3.30 часот по полноќ, тие мислеле дека имаат доволно време за да се подготват и смирено да стигнат до болница. Но, бебето Изабел Оливија имало друг план и се родило 40 минути по будењето на неговите родители.
Видео
Предупредување! За некои лица видеото може да биде вознемирувачко.
Додека Мартин ги подготвувал потребните нешта за на болница, меѓу кои и камерата за снимање, болките на Холи станувале сè посилни и посилни. „Ги подготвив сите нешта за камерата за на болница, но додека слегував по скалите Холи започна да вика од болка и паника – бебето доаѓаше многу побрзо одошто си замислувавме. Холи се смести на подот на средина од дневната соба. Мајка ми Поли успеа да дојде прилично брзо и им се јави на акушерките на телефон додека јас ѝ помагав на Холи“ – рекол подоцна Мартин.
„За среќа успеав да го снимам целиот настан. Возбудливо е да можеш да го гледаш повторно тој специјален момент“ – рекле новите родители.
Медицинскиот тим пристигнал по раѓањето на новороденчето, кое е тешко 3,5 килограми и е во одлична здравствена состојба.