Категории

Шест години не се појавил на работа, а приметиле дури кога сакале да му доделат награда

Шест години, супервизор на зграда во Шпанија земал плата во износ од околу 41,500 долари како вработен во јавна служба, без да се појави на работа.

Ќе се извлечел со тоа, но за среќа или жал, добил награда за 20 годишно работење во јавната служба.

Joaquín García, 69, бил казнет 30,000 долари за продолжен платен одмор, максимумот казна која може да се изрече, известува BBC.

Според заменик градоначалникот Jorge Blas,  дури во 2010 година кога требаше да му се даде награда за неговата работа во јавната служба, забележавме дека канцеларијата е напуштена и очигледно беше дека немало никој таму долго време.

„Се прашував дали сеуште работи тука, дали се пензионирал или пак умрел? Но сметководствено тој сеуште примаше плата.“ Blas му раскажал на шпанскиот весник El Mundo.

„Му се јавив и го прашав што правел минатиот ден, што правел минатиот месец? Не знаеше што да ми каже.“, раскажува Blas.

Колегите на Гарсија мислеле дека надзорот кој требало да го врши тој, го врши локалната власт, бидејќи Гарсија не доаѓал на работа.

Адвокатот на Гарсија, зборувајќи во неговото име, вели дека неговото отсуство од работното место се должи на малтретирање на работното место, а според него не ни имало работа.

Луѓе блиски на Гарсија раскажале за El Mundo дека тој се посветил на читање филозофија и дека не го пријавил малтретирањето на работното месо од страв дека ќе биде отпуштен.

Гарсија се пензионирал откако обинувањата на негова сметка биле објавени. Сепак судот на крајот пресудил на страна на владата и бил задолжен да ја плати пет цифрената казна. Незадоволен, Гарсија поднел барање до градоначалникот за да не ја плати казната.

Прегледи:
469
Објавено на:
17.02.2016