Сигурно ви е познато дека секој човек има свој заштитен камен или парче накит, кој може да му послужи како амајлија и донесе среќа во љубовта како и бизнис успесите и парите.
Ако на некое од овие полиња не ви оди баш најдобро, најдете го своето среќно парче накит и состојбата ќе се поправи.
ОВЕН
Овенот по сите хороскопски правила, го штитат: циркон, дијамант, злато и рубин. Во период кога одите на бизнис состанок вашите шанси за успех и среќа би можеле да ги зголемат и тиркиз, оникс, аквамарин и топаз. За љубовни состаноци исклучиво бирајте лапис лазули, бисер или сребрен накит. Би требало воглаво да носите нараквици од сребро.
БИК
Вие сакате накит, исто како Биковите влијаете „раскошно“ и без него. Смарагдот и жад вас најмногу ви одговараат. Другите може да ги уверите во она што го сакате доколку носите загасити тонови на црвен накит, иако понекогап грант, но и розенкварц може да го „одигра“ своето. Секогаш е време за убидливи обетки и големо копче во коса со многу штрас.
БЛИЗНАЦИ
Вашата младолика природа сака нежни тонови накит. Топазот целосно ви одговара, но нема да биде лошо ако користите магична моќ на зеленкастиот тиркиз за тајни љубовни состаноци и оној со повеќе примеси на плави тонови за бизнис состаноци. Ќе бидете уверливи во наплата на долгови или во заведување со огрлица од корали.
РАК
Ви одговара сребрен накит и накит во плави тонови. Сепак, ако одите на работен состанок, златна нараквица ќе ви донесе повеќе успех, посебно комбинирана со слонови коски, или комбинација од бело и жолто злато. Ако планирате да заведете некој кој има врска со странство, ставете го било кое парче накит од малахит.
1 2