Категории

Ослободете се од грубите петици со помош на лимон

Со доаѓањето на топло време, следи и разголување на стапалата. Зимата, тесните чевли и нередовната грижа за стапалата, обично најмногу се гледа на пролет, кога е време за отворени обувки.

Покрај стандардните решенија како одење на педикир или средување во домот со разни алатки и препарати, лимонот може да ви помогне брзо да се решите од грубата кожа на петиците.

За почеток одберете лимон кој е доволно голем да ја собере вашата петица. Потоа исечете го на пола, убаво исцедете и направете си лимонада, а со останатите кори, во кои има влажност, ќе си ги средите петиците. Како? Еве вака:

Ги поставувате двете парчиња на двете петици, обујте чорапи и оставете да дејствува преку ноќ или во подолг временски период. Лимоновата киселина ќе направи хемиски пилинг, ќе ја отстрани сувата кожа и ќе ја регенерира кожата.