„Живописниот Сиднеј“ (Vivid Sydney) е најголемиот фестивал на светлината, музиката и идеите и е време кога големиот австралиски град Сиднеј станува како светла галаксија и е омилена дестинација локалните и странските туристи.
Стотици, дури илјадници уметници ја презентираат својата работа во областа на пристаништето и на улиците. Големите водни површини се погодни за претставување на светлосните инсталации, ласерите и скулптурите, заради одсјајот одразува на мазната површина на темната вода, а може да заклучиме дека ефектот е одличен. Покрај светлосните инсталации, има и бројни музички настани, што го прави Сиднеј ова доба од годината погодно за сите вљубеници во уметноста.