Категории

Холанѓаните направиле воден мост кој ги руши законите на физиката

Има многу необични работи низ светот и неверојатна е креативноста на човекот во создавањето на речиси нереални креации.

Во 2002 година, светот му се восхитувал на Veluwemeer Aqueduct – ремек-дело на најдобрите инженери кои го поврзале копното на Холандија со Флеволанд, што е вештачки остров.

Поврзувањето на копното со островот било комплицирано, бидејќи морало да има непречен сообраќај на возила, но и воден сообраќај.

Многу идеи биле дискутирани, но чинеле многу и биле прекомплицирани, а водениот мост „испловил“ како одлична идеја.

Сега на овој мост се одвива непречен сообраќај, дури не се заборавени ни пешаците, од двете страни на патот има посебно создадени тротоари. Денес, овој 3 метри длабок мост, го поминуваат 28.000 коли, а бродовите непречено пловат.

 

Прегледи:
1119
Објавено на:
29.06.2016