Обично луѓето кои ја посетиле Австралија велат дека штом го видите ова магино место, ќе го паметите засекогаш.
Туристите имаат многу нешта за истражување и уживање, неверојатни бели плажи, спектакуларни простори, историски локалитети, водопади, мистични шуми и модерни градови. Никако не може да се изостави и неверојатната флора и фауна која е уникатна за овие простори, а велат дека и народот е драг и гостопримлив.
Ова се некои од најубавите нешта што Австралија има да ги понуди.
Сиднејската опера
Сиднејскиот пристанишен мост
Еден од најголемите челични местово во светот. Има музеј и обсерваторија во една од кулите на мостот. Има спектакуларни погледи на целиот град.
Дванаесетте апостоли
Овие масивни карпи се наоѓаат во националниот парк Порт Кембел, во близина на Големиот Океански пат во Викторија.
Хоризонтални водопади
Оваа појава е во заливот Талбот, каде два срта се на растојание од околку 300 метра. Големото количество вода кое наодоаѓа создава хоризонтални водопади.
Земјата на кенгурите
Крстарењето Katherine Gorge во Националниот парк Nitmiluk
Улуру
Тешко е за верување, но научниците велат дека Улуру е стар 680 милиони години. Портокалово-кафеното здание е лоцирано во централна Австралија. Долго е 3,6 километри а широко е околу 3,2 километри. Ова место има многу пештери каде има антички цртежи на камењата. Туристите може да видат и како локалците изведуват ритуали тука.
Магичните езера: Хилер и Мекензи
© Syd James/about-australia/tourofdownunder
Убавината на Јужна Австралија
kangarooaupair.com/ australia.com
најголемиот град во овој регион е Adelaide. Овој регион има преубави винарии и колоритни пејсажи. Може да уживате на сончевите плажи, да ги пробате вкусната морската храна и локалните вина.
Запознавање на староседелците
Морскиот свет во Сиднејсикот аквариум
Јавање коњи на плажа
“Долината на великани”, Национален парк Волпол-Nornalup
Златните песоци на Австралија, Пустината Pinnacles
Сините Планини
Името го добиле заради сината магла која ја има на хоризонтот, која најверојатно е од еукалиптус дрвјата. Оваа област е целата со кањони и клисури, длабоки дури до 760 метри.
Големиот Океански Пат
Долг е 243 километри, а главно оди по крајбрежјето, но на моменти се одалечува и оди во внатрешноста.
Зоолошките градини
Фестивалот Vivid Sydney
За овој фестивал веќе имаме пишувано, може да го видите минатогодишното издание тука, а фестивалот од оваа година тука.
Јавање камили по плажата Cable
Големиот корален гребен
© travelplanner.com/ ©lostinaustralia.org
Се состои од 2,900 индивидуални гребени и 900 острови лоцирани во Коралото Море. Се протега на североисточното крајбрежје на 2.500 километри и е најголемата креација во светот создадена од живи организми, а може да се види и од вселената.
Неверојатните жители на овој континент
Овој континент има неверојатна флора и фауна. Има преку 200.000 видови на животни. Повеќето цицачи на континентот се торбар животните и мајките имаат торбичка каде ги носат своите мали бебиња. Невозможно е да се именуваар сите жители, но дури и децата, зборувајќи за Австралија, секогаш се споменуваат коалите и кенгурите.