Категории

Спортскиот бренд NIKE направи нешто што позитивно ги изненади сите

Спортската опрема вообичаено се поврзува со атлетски, вити и фит тела, a реалноста е дека сите носат спортска опрема. Тоа Nike го прифати и позитивно изненади многумина. 

Брендовите облека многу често се критикувани за нереалните стандарди за убавина кои ги поставуваат, а кои создаваат притисок кај луѓето и потикнуваат на негативни појави како изгладнување, но уште позначајно е негативното влијание на психичкото здравје на младите луѓе.

Овојпат Nike претстави позитивна промена во нивниот бренд, нудејќи посебно дизајнирана облека и за покрупнте жени.

Откако го ставија моделот Paloma Elsesser на нивниот инстаграм профил, носејќи еден од нивните специјално дизајнирани градници, со описот „Welcome to Sports Bra 101“ наидоа на лавина позитивни коментари.

ig-desktop-BH0HVgyj6Ak ig-desktop-BH7bqKvBbMU ig-desktop-BHpnAeih8X9 ig-desktop-BHsQSYYhmas

Прегледи:
517
Објавено на:
21.07.2016