Големата Панда, која до скоро беше доста актуелна тема на дискусија заради статусот на загрозе вид, повеќе не е на таа листа.
Според група од експерти при Интернационалната Унија за решавање на проблеми поврзани со природата (ИУЦН), тие сметаат дека нејзиното место не е повеќе на Црвената Листа на загрозени видови после педесет години вложен труд.
Имајќи ги во предвид статистиките од 2003 година, се проценува дека ги имало 1,600 панди коишто живееле во дивината, додека во 2014 година нивната популација е зголемена за исклучителни 17 проценти. Иако е тешко да се направи проценка за нивниот вистински број, се претпоставува дека денес ги има 2,060 панди ширум светот. Истиот овој напредок е потврден од Кинеската влада, чии големи напори се причината за ова неверојатно постигнување.
За жал, се предвидува дека во наредните 80 години ќе се намали популацијата на пандите за една третина поради климатските промени што влијаат на растот на бамбусовите шуми. Со цел да се заштитат овие прекрасни суштества, потребно е да се покрене свеста кај граѓаните и да продолжи борбата за опстанок и на останатите загрозени видови!