Категории

Еве кој е најдобриот начин да ги перете вашите фармерки за тие подолго да ви траат

Фармерките се едни од најсекојдневните парчиња облека кои сигурно често ги носите, па според тоа, често и ги перете. Секој има свој начин на кој го прави ова, било тоа да е во машина за перење алишта или рачно. Некои дури ги носат и на хемиско чистење.

Бидејќи сите знаеме колку е тешко да се пронајдат фармерки што совршено ќе ни прилегаат, во продолжение ќе ви откриеме неколку начини што ќе ви помогнат да го продолжите рокот на траење на ова омилено парче облека.

Роберт Шејфер, основач и сопственик на една од најголемите фабрики за производство на фармерки, „Schaeffer’s Garment Hotel“, открива мали трикови кои би требало да ги применувате кога ги перете своите фармерки. Еве кои се неговите совети за тие подолго да траат.

1. Пред да ги перете фармерките свртете ги наопаку и изберете ја најслабата програма на машината за перење. Перете ги во топла вода со благ прашок, по можност да биде течен. Шејфер советува кон фармерките да се однесувате како кон бебе, со нежен сапун и топла вода.

2. Бидете во близина на машината додека пере, за да ја паузирате центрифугата. Всушност, оставете ја да работи една минута, потоа запрете ја програмата и извадете ги фармерките. Центрифугата може да ја уништи бојата и да ги деформира фармерките.

3. Закачете ги да се сушат, но не оставајте ги да се исушат целосно, односно, настојувајте тие секогаш да бидат 90% суви. Во тој момент тие ќе се соберат и ќе се вратат во првобитниот облик. Многу е важно да не ги перете често, а и да не ги ставате во машина за сушење алишта.

Прегледи:
410
Објавено на:
24.09.2016