Категории

Генетски предиспозиции се одговорни за нашата љубов кон кафето?!

Секој од нас има различни навики кога станува збор за конзумирањето кафе. Додека некои пијат сосем малку во текот на денот или седмицата, некои едноставно не се ограничуваат количински и пијат повеќе шолји кафе дневно.

8f7e28f05e0c95730e8b8ef1023118ae

Додека ние веруваме дека љубовта кон кафето се развива со текот на времето, тим од научници сугерираат дека постои можна поврзаност помеѓу нашата врска со него и генетиката.

Имено, пронајдени се генетски варијации кои влијаат на тоа како телото го разложува кофеинот и со тоа ја стимулираат нашата желба за пиење кафе помалку или повеќе во текот на денот.

Научниците при универзитетот Единбург од Велика Британија откриле дека испитаниците со ДНК варијација во генот PDSS2 имаат тенденција да пијат помалку шолји кафе од испитаниците кои ја немаат истата.

b28b4ff2f4c04b04f1656ffee8f50b2a

Размислувањата одат во насока на тоа дека ваквата варијација го забавува разложувањето на кофеинот во телото, што прави тие да имаат помала потреба да пијат кафе.

„Хипотезата е дека луѓето со високо количество на овој ген имаат побавен метаболизам и затоа истите пијат помалку кафе“ изјавува генетичарот Никола Пирасту. „Тие треба да пијат помало количество кафе и се’ уште да ги чувствуваат придобивките од кофеинот, на пример да останат будни и да се чувствуваат помалку заморени.“

Научниците го анализирале фенотипот на 370 испитаници кои живеат во мало село во јужна Италија и ја споредиле со ДНК на 843 испитаници од североисточниот дел на државата. Освен што се анализирал нивниот генотип, учесниците пополниле и прашалник каде го одговориле прашањето: Колку кафе пиете секој ден?

Испитувањата покажале дека испитаниците со варијацијата PDSS2 во просек пијат една шолја кафе помалку.

Кога научниците го повториле експериментот со примерок од 1731 испитаници од Холандија, тие добиле слични резултати, односно тие со ДНК варијација пиеле помалку кафе, иако разликата – овојпат мерена според бројот на шолји кафе конзумирани била помала сега.

Научниците ја препишуваат ваквата разлика во начинот на конзумирање во двете држави. Додека во Италија се кафето се сервира во мали шолји, во Холандија се преферираат поголеми чаши, кои во себе содржат повеќе кофеин.

„Сметам дека оваа студија ја истакнува идејата дека генетиката игра многу важна улога во секојдневните навики и разбирајќи го ова помага не само да дознаеме како луѓето се однесуваат, туку и зашто, што би ни овозможило да разбереме како да се справиме со нив“ вели Пирасту за The Telegraph. „Во овој конкретен случај, се изнудува идејата дека кофеинот е, најверојатно, главниот виновник за биолошката потреба од конзумирање кафе.“

049cc0389ce5a17f64a310e496219dd0

Додека тимот вели дека тие единствено нашле врска до сега, не е прв пат научници да најдат поврзаност нашиот генетски код и конзумацијата на кафе.

Многу пообемна студија спроведена во 2014 ја разгледувала ДНК на повеќе од 120000 испитаници и наоѓа дека варијациите во гените резултирале со адапритање на внесот на кафето врз база на ефикасноста на метаболизмот на кофеинот за да се добијат оптималните ефекти од пијалокот.

Понатамошни истражувања се потребни да ги потврдат пронајдоците, но што повеќе податоци за релацијата меѓу кафето и нашата ДНК, тоа подобро за нашето здравје.

„Резултатите од нашата студија се додаток на веќе постоечки истражувања, што сугерира можност нашата потреба да пиеме кафе да биде впишана во нашите гени“ вели Прасту. „Треба да правиме поголеми студии за да го потврдиме пронајдокот и исто да ја разјасниме биолошката релација меѓу PDSS2 и конзумирањето кафе.“

a-cup-of-coffee-with-a-spoon

Прегледи:
491
Објавено на:
29.09.2016