Многу дискутирано прашање е тоа дали земјотресите можат или не можат да се предвидат, а повеќето веруваат дека има некои фактори кои можат да укажат дека земјотрес ќе има, но кога,со колкава јачина и точно каде – никој не може да знае.
Овој човек го предвидел страшниот земјотрес во Нов Зеланд кој се случи викендов со јачина од 7,5 Рихтерови степени, по него следуваа уште 250 афтер шокови, а регистриран е уште еден потрес од 6,2 степени.
Дали историската супер месечина влијаела да настане овој земјотрес?
Имено, рекордно голема Супермесечина викендов го осветлуваше ноќното небо. Не само што ова е најблиската полна Месечина во оваа година, туку според НАСА, полната Месечина сега е најблиску до Земјата од 1948. Полната месечина нема да помине толку блиску до Земјата до 25 ноември, 2034, вели НАСА. Супермесечината е за 14% поголема и за 30% посветла отколку кога Месечината е во најоддалечената точка од Земјата, вели НАСА.
Според Nigel Antony Gray супер месечината ќе предизвика земјотреси и објаснување за тоа е близината на месечината со што ќе се зголеми гравитационата моќ, а тоа ќе предизвика поместување на веќе изместеното земјиште, после силниот земјотрес во Италија, и ќе се одрази и на други предели во светот.
Друга чудна појава за време на земјотресот е појавата на силна светлина на небото, за која сведочат многу луѓа, а некои успеале и да ја документираат.
Силната сина светлина на небото не е нешто не познато и понекогаш се јавува за време на земјотреси, причината е триењето на камењата кога се тресе земјината кора, што создава електирчен полнеж.
Тие патуваат низ пукнатините во карпите предизвикани од земјотресот и јонизира џебови на воздухот во атмосферата, создавајќи плазма кој емитува светлина.
Спектакуларен приказ се гледа само во земјотреси со магнитуда од пет или повеќе, и само е снимен во 0,5 проценти од земјотреси.
Ова се страшните последици од земјотресот…