Од мажите не се очекува многу освен да бидат пристојно и чисто облечени, секоја чест на исклучоците кои вложуваат многу труд во нивниот изглед.
Но што е тоа што женските не можат да го поднесат? Многу кратки шорцеви, многу розеви парчиња или апостолки, се само дел од листата.
Блуза со многу длабоко деколте
Нормална V линија дава стил и сексипил, а претераното делува ефтино и вулгарно.
Многу кратки шорцеви
Шорцеви се секако во ред, нормално е да се и над колена, но не да изгледаат како шорцеви како што би носеле жените.
Маици со лоши слогани и лоши шеги
Некои слогани се кул и интересни, но внимавајте што одбирате, сепак сите ви го гледаат слоганот.
Апостолки
Единственото правило е – се носат на плажа.
Елек со маица?
Можеби мислите дека изгледате кул, но за жените ова не е привлечен и секси изглед.
Ремени со големи тоги
Жените ќе ви порачаат – се е во умереноста.
Голем костум
Нема ништо по мажествено од маж во костум, но со соодветен и со добар крој.
Розеви парчиња
НЕ – за премногу розеви парчиња.
Премногу тесни панталони
Нема ништо лошо во тесни фармерки/панталони, но премногу тесно речиси како хеланки вообичаено не е привлечно за жените.
Многу накит
Неколку стилски и квалитетни парчиња ќе ви завршат голема работа, „накитениот“ изглед воопшто не е привлечен.