Категории

Апсолутен моден тренд: КОЖНИ ПАНТАЛОНИ – еве како да ги носите како трендсетерките

Кога есента ќе затропа на вратата јасно е дека доаѓа време за кожната гардероба

Јакните од овој материјал веќе со години се задолжително модно парче во гардеробата на секоја жена, а оваа година ќе им се придружат и кожните панталони и хеланки.
Модните дизајнери му дадоа зелено светло на ова модно парче, а дозволени се и кожни комбинации од глава до пети.
Но со овој моден тренд, лесно можете да погрешите, па затоа ви донесуваме неколку одлични модни комбинации од модните трендсетерки кои ќе ве инспирираат како да ги носите оваа сезона.