Категории

Ако имате чисто срце и искрени намери – Вие никогаш не губите никого, тие ве губат вам!

Луѓето кои имаат најголемо срце се најлесната цел. Секогаш се мета на сите оние фрустрирани кои никогаш не се реализирале, па мораат да го скршат своето незадоволство кај некого. Целта се луѓето со добро срце кон оние кои сакаат да се докажат, да се издигнат, да покажат дека во се се поголеми од другите. Но всушност тие не се. И тогаш не бираат средства, туку удираат со сета сила каде што можат. Го потценуваат, газат, го понижуваат најдоброто кај луѓето, она што го немаат и што никогаш нема да го разберат.

Овој свет е суров. Најдобрите ги става во најголемата бура. И им дозволува на оние без душа и совест да си играат со нив. Кажете што сакате, но луѓето со најголеми срца никогаш нема да се откажат да бидат тоа што се. Никогаш нема да престанат да сакаат дури и кога биле најповредени. Затоа што знаат дека овој свет не може да постои поинаку. Некој мора да ја врати таа оригинална убавина и сјај. Тој чист детски поглед и искрена вера. И само тие можат да го направат тоа.

Прегледи:
550
Објавено на:
12.12.2021