Категории

Ако омажена жена изгледа убаво..

Морате да се грижите за својата жена уште од младоста – и тогаш сигурно ќе ви остане убава и паметна девојка. И сите тогаш ќе кажат дека сте вистински среќник што имате таква жена.

Ако омажена жена изгледа добро, и покрај своите години – треба да му пуштите рака на нејзиниот сопруг. И со почит да го погледнете во очи, тоа е негова заслуга.

Не ја мачел својата жена со лоши нешта, не и дозволил валкана работа, не ја критикувал и не викал на неа со груб глас. Ја прегрнувал, ја бакнувал и ја сакал. И давал комплименти и пофалби. Секогаш ја штител од опасности и очај. И благодарение на добриот третман и однесување, добил убава жена. Во доба од четириесет години, тоа е потполно јасно. Жената на добриот сопргуг е убава, елегантна и смирена. Седи и се смешка. Или работи нешто во домот. Или шета навечер држејќи го за рака својот маж, а сите други мажи им завидуваат и мислат: зошто мојата жена не е таква?
– Јасно е зошто – жената морате да ја чувате и негувате, како воениот коњ, како скапиот автомобил, едноставно како вистински маж.

Покрај секоја омажена не толку млада убавица, стои оној на кого треба да му се пушти рака – нејзиниот сопруг.

Секако постојат и осамени прекрасни дами. И веројатно постојат жени кои ја задржале убавината и достоинството во несреќен брак – но такви жени речиси не постојат. Морате да се грижите за својата жена уште од младоста – и тогаш сигурно ќе ви остане убава и паметна девојка. И сите тогаш ќе кажат дека сте вистински среќник што имате таква жена.

Можеби и се посреќило. Но, пред се, тоа е заслуга на мудриот и љубезен маж. Изгледот на жената и нејзиниот карактер зависат од нејзиниот третман. Од љубезните зборови сјаеме и стануваме млади. Од прегратките витки. Од бакнежите стануваме поубави и пољубезни. И по старата жена секогаш можете да забележите каков е нејзиниот маж – добар или не баш. Мажите бираат кого сакаат да го видат покрај себе: убавица или не.

Нам жените ни е потребна само малку топлина и љубов. Убави зборови и поддршка. А останатотото и така го простуваме, кога си премногу сакан, можеш многу да простиш.

Прегледи:
1006
Објавено на:
21.02.2020