Категории

Ако жената изгледа добро и после 10 години брак, честитајте му на мажот!

На сите од нас ни е позната изреката дека позади секој успешен маж стои жена. Но, кој стои позади убавата, негувана, привлечна жена и по 2 деца и 10 години брак?

Велат дека за ова треба да му се честита на нејзиниот маж, бидејќи тоа е негова заслуга. За ваквата жена очигледно е дека мажот добро се грижел. Не ги оставал сите обврски на неа, не ги делел на машки и женски. Не и викал. Не ја критикувал поради ручекот кој не бил доволно солен. Немала проблем да облече здолниште над колена. Никогаш не ја удрил.

Напротив – нејзиниот маж и бил поддршка во сѐ. Сметал дека нема да му падне круната од глава доколку ги измие садовите, доколку и зготви вечера.

Нејзиниот маж не и рекол дека здолништето над колена не е за неа, туку дека одлично и стои. И доделувал комплименти. Ја тешел кога плачела, кога била во дилема, кога се грижела. Така добил преубава, елегантна жена, која и понатаму сака да биде токму таква за него.

Како? Едноставно, бидејќи од комплиментите секоја жена сјае. Бакнежите ги топат калориите, а прегратките подмладуваат.

Таа го сака уште повеќе поради тоа што е таков. Уште повеќе се труди околу него. Неа и завидуваат сите жени, а нему сите мажи. Изгледот на жената најдобро говори за нејзиниот маж и она што го преживува дома.

Прегледи:
652
Објавено на:
27.03.2019