Категории

Амерички град во Кентаки избра куче-булдог за градоначалник

Освен изборот за Белата куќа и Конгресот, граѓаните на малиот амерички град во Кентаки бираа и градоначалник. Оваа вест и не би била толку важна ако за градоначалник на Ребит Хеш не беше избрано куче.

Францускиот булдог Вилбур Бист победи во трката за градоначалник со рекордни 13,143 гласови со што стана и најпопуларниот градоначалник на тој град.
Одзивот беше рекорден со 22,985 гласови.

Бист не е првото куче на чело на градот, бидејќи сите градоначалници на Ребит Хеш биле кучиња уште од 90-тите години. Граѓаните гласаат така што на листата го пишуваат името на кандидатот за кого гласаат и потоа донираат долар за историско здружување на градот.

Првиот избран градоначалник во историјата на Ребит Хеш бил посвоен мелез по име Гуфи Борнеман Калхун. Беше избран во 1998 години на четиригодишен мандат, но не издржа до крајот на 2001 затоа што трагично загина на 17 години.