Ариа Старк, односно Мејси Вилијамс, се пошегува со фановите на најгледаната серија во светот, чија премиера на новата сезона ја очекуваме утре.
Имено, Мејси преправајќи се дека е продавач во продавница каде се продаваат производи од серијата, им даваше понуда на фановите да ја изглумат нивната омилена сцена од серијата, за да добијат подарок.
Тоа и го сторија, одлични беа, а може да забележиме дека не Мејси навистина и се допаднаа, па дури и им се приклучи и на некои од нив во сцените.